43 КОМПАНИИ АКТИВНО ПРОИЗВЕДУВААТ ДРОГА ВО МАКЕДОНИЈА – Дел под истрага по откривањето на шверцот со марихуана

Законот за контрола на опојни дроги од 2017 година отвори можност за легално одгледување канабис за медицински цели.

43 КОМПАНИИ АКТИВНО ПРОИЗВЕДУВААТ ДРОГА ВО МАКЕДОНИЈА – Дел под истрага по откривањето на шверцот со марихуана
Фото: Принтскрин

Вкупно 61 компанија добила лиценца за одгледување канабис за медицински цели откако оваа можност беше овозможена со законските измени од 2017 година. Дел од овие фирми повторно се најдоа во центарот на вниманието по откривањето на пет тони марихуана со потекло од Македонија.

Од Владата информираат дека од стапувањето во сила на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен на 27 декември 2017 година, па до 3 февруари 2026 година, се донесени вкупно 61 одобрение за одгледување канабис за медицински цели.

Според официјалните податоци, во моментов 43 компании активно одгледуваат канабис за медицински цели, додека на 14 им е одземена лиценцата поради непочитување на законските услови.

„За 14 компании Владата донела одлуки за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели поради непочитување на законските услови. Исто така, во тек е постапка за одземање на одобрението за уште четири компании, информираат од Владата.

CATEGORIES
TAGS
Share This