40 ГОДИНИ ЦРВЕНА ЈАБУКА – Спектакуларен концерт во Скопје
Млади и стари фанови заедно пееле и играле на сите хитови на легендарниот бенд.

Легендарната рок група „Црвена јабука“ одржа спектакуларен концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како дел од големата балканска и европска турнеја по повод 40 години на сцената.
Концертот го отвори младата македонска пејачка Тамара Волчевска, а подоцна, речиси еден час подоцна, публиката со нетрпение ги дочека легендарните „Црвена јабука“.
Во арената се гледаа фанови од сите генерации – оние кои со нив растеле и доживеале први љубови, како и помладите, кои сè уште не биле родени во почетоците на бендот, но денес се нивни верни обожаватели.
Три часа, публиката неуморно ги пееше нивните најголеми хитови, меѓу кои: „Има нешто од срца до срца“, „Туго несреќо“, „Некако с прољеча“, „Тамо где љубав почиње“, „Џез ба“, „С твојих усана“, „Бежи киши с прозора“. На баладите мобилните телефони создаваа „ѕвездено небо“, додека на динамичните песни публиката играше и скокаше.
При изведувањето на песната „Џез ба“, бендот ја испеа и „Македонија“ од Дадо Топиќ, која совршено се вклопи во нивниот огромен хит.
И покрај три часовното шоу, публиката не сакаше да си замине и бараше бонус песни, што е доказ дека македонската публика жедни за квалитетна рок музика. Дури и со честите настапи во Македонија, верните фанови секогаш ја ценат можноста да ги слушнат своите омилени рефрени од детството и младоста.
Овој јубилеен концерт уште еднаш потврди дека квалитетната музика е безвременска и дека еден бенд на Балканот може да трае 40 години, продолжувајќи да создава хитови кои ги обединуваат генерациите.

