35 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ ЗЕЛКА ВЕЌЕ ОТКУПЕНИ – Дали ова е рекордна сезона?

Струмичкиот регион во ек на сезоната, зелката доминира на пазарот.

35 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ ЗЕЛКА ВЕЌЕ ОТКУПЕНИ – Дали ова е рекордна сезона?
Фото: Принтскрин

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, при денешната посета на струмичкиот регион соопшти дека откупот на зелката се одвива стабилно и без проблеми.

Според официјалните податоци, од почетокот на годината се откупени околу 35 милиони килограми зелка, што ја потврдува нејзината важност како една од клучните градинарски култури во овој период.

Министерот посочи дека кај новата реколта на пролетна млада зелка, од крајот на февруари досега се откупени околу 30.000 тони. Како што нагласи, динамиката на откупот е во согласност со текот на бербата и нема застои во процесот.

Трипуновски истакна дека моменталната откупна цена е задоволителна за производителите, додавајќи дека државата преку надлежните институции ќе продолжи да обезбедува фер и транспарентни услови на пазарот.

CATEGORIES
Share This