34 ПОЖАРИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Два сè уште активни

Активни пожари има на Кожуф планина, кај селото Петрово во Гевгелија, каде гори букова шума, и на планината Добра Вода во Македонски Брод, каде е зафатена ниска вегетација.

34 ПОЖАРИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Два сè уште активни

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 34 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Два се сè уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати.

Активни пожари има на Кожуф планина, кај селото Петрово во Гевгелија, каде гори букова шума, и на планината Добра Вода во Македонски Брод, каде е зафатена ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во Гази Баба (села Трубарево и Виниче), во Студеничани (с. Батинци) и во Кочани (с. Бали).

CATEGORIES
Share This