29. ЗЛАТНА БУБАМАРА – Македонија ја славеше музиката, театарот, спортот и уметноста
Златна Бубамара се покажа како едно од најинтернационалните изданија досега, со бројни гости од Македонија, регионот и светот, во пресрет на големиот јубилеј следната година.

Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа 29. издание на Златна Бубамара на популарноста, настан кој и оваа година ги собра и награди најдобрите музичари, актери, спортисти и уметници од сите области.
Програмата ја отвори Владимир Четкар со две свои нумери, а тој беше и првиот награден со Златна Бубамара за Најдобар џез музичар.
Следните награди беа доделени за најперспективна млада пејачка Тина Русева, специјална награда Златна Бубамара Дамир Имери и награда за животно дело (фолк музика) Круме Спасовски со познатата „Чудна жена беше Вера“
Во театарската област награда за трајни вредности и беше доделена на Снежана Конеска – Руси, најдобар млад актер Тони Денковски, најдобра млада актерка Нина Елзесе и претстава на годината „Пар распар“ – Театар Комедија.
На сцената настапија и беа наградени бројни музички ѕвезди од регионот и светот како што се пејачка на годината Калиопи, хит на годината на Слаткар за „Води ме“, фолк концерт на годината Влатко Миладиноски, најпопуларна поп пејачка (Балкан) Александра Радовиќ, трајни музички вредности (Балкан) Жера од „Црвена јабука“ и откритие на годината Јаков Јозиновиќ (Хрватска)
Јаков Јозиновиќ истакна:
„Голема чест ми е што ја добив оваа награда. Некој да ми речеше дека било кој знае за мене во Македонија, немаше да му верувам, а особено не дека ќе ја добијам оваа награда. И тоа награда која трае повеќе од годините што ги имам.“
Владо Јаневски ја прими наградата од неговата хрватска колешка Весна Писаровиќ, која ја изведе песната „Да знаш“. Јаневски се врати на сцената со новата песна „Принцеса“.
Британските легенди „Delegation“ и соул дивата Марта Хај исто така беа наградени за животно дело и трајни музички вредности. Рик Бејли од Delegation рече:
„Прв пат сум во вашата земја и се надевам дека ќе дојдам пак.“
Марта Хај додаде:
„Многу сум горда што ќе ја однесам оваа награда дома во Америка, за да им покажам дека соул музиката е во срцата на луѓето низ целиот свет, а особено во Македонија.“
Во ликовната уметност наградата за животно дело е во рацете на академик Васко Ташковски додека во спортот тоа е спортската легенда, кошаркарот Владо Илиевски
исто така имаше сеќавање на загубените уметници и спортисти. Игор Џамбазов од сцената се присети на Тоше Поп Симонов, Драган Б. Костиќ, Васил Рингов, Соња Каранџуловска, Ленче Делова, Лазе Манасковски, Милка Ефтимова, Сенка Велетанлиќ, Симеон Чулев и Илија Темелковски.
Со песната „Абре македонче“ се одбележаа 50 години од смртта на Никола Бадев, великанот на македонската народна песна.
Посебно емотивно беше сеќавањето на трагедијата во Кочани „Крвава бајка“, започнато од Игор Џамбазов со стиховите од Десанка Максимовиќ:
„Било је то у некој земљи сељака на брдовитом Балкану, умрла је мученичком смрћу чета ђака…“
-
издание на Златна Бубамара се покажа како едно од најинтернационалните изданија досега, со бројни гости од Македонија, регионот и светот, во пресрет на големиот јубилеј следната година.


