29 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО НИЗ МАКЕДОНИЈА – 10 активни, 3 под контрола, 16 изгаснати

Надлежните апелираат на внимателност при движење во природа и повикуваат граѓаните навремено да пријавуваат пожари. Очекувањата се дека со координирани интервенции, дел од активните пожари ќе бидат ставени под контрола во текот на денот.

29 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО НИЗ МАКЕДОНИЈА – 10 активни, 3 под контрола, 16 изгаснати

До 7 часот утринава во земјава се регистрирани вкупно 29 пожари на отворено. Од нив, 10 се активни, 3 под контрола, а 16 се изгаснати.

Активни пожари:
Василево, Радовиш и Берово – Малешевски Планини

Прилеп – с. Бешиште и крак кон с. Дрен

Македонски Брод – с. Црешнево, меѓу Локвица и Крапа

Штип – меѓу с. Драгоево и Селце

Зелениково – с. Гумалево

Желино – меѓу с. Церово и Групчин

Струмица – м.в. Три Води

Под контрола:
Македонски Брод – с. Грешница

Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна

Карбинци – с. Јунузлија

Изгаснати (16 локации), меѓу кои:
Прилеп, Ресен, Кочани, Куманово, Липково, Гостивар, Старо Нагоричане, Велес, Росоман.

Надлежните апелираат за претпазливост и навремено пријавување на пожари.

CATEGORIES
Share This