279 ПОЖАРИ ВО БУГАРИЈА ЗА ЕДЕН ДЕН – активиран системот „БГ-АЛЕРТ“, има материјална штета

Бугарија се соочува со сериозна криза со пожари, откако за само еден ден биле регистрирани дури 279 огнени жаришта низ државата. Иако нема човечки жртви, пожарите предизвикале значителна материјална штета – уништени се десетици станбени и помошни објекти, изгореа неколку возила, а дел од населението беше евакуирано од ризични подрачја.
Како реакција на сериозноста на ситуацијата, во повеќе региони беше активиран националниот систем за предупредување „БГ-АЛЕРТ“, кој има за цел брзо информирање и заштита на граѓаните во итни случаи.
Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, упати повик до локалните и регионалните власти итно да преземат мерки за превенција од пожари, со посебен акцент на ранливите подрачја со висока температура и суви услови.
Надлежните служби остануваат на терен, а јавноста се повикува на внимателност и соработка во спречување на нови пожари.


