ЕМОТИВНА ПОСЕТА НА КОЧАНИ – Филипче изрази сочувство

„Нека им е вечен споменот“ - Филипче за жртвите од трагедијата

ЕМОТИВНА ПОСЕТА НА КОЧАНИ – Филипче изрази сочувство
Фото: Принтскрин

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во Кочани, каде што оддаде почит на жртвите од трагедијата што се случи пред точно една година. Во емотивна објава, Филипче изрази длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најмили.

Тој истакна дека сеќавањето на младите животи што беа загубени ќе остане вечно.

„Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови кои можат да ја опишат болката и тагата на семејствата. Сочувство до родителите и најблиските. Нека им е вечен споменот“, напиша Филипче.

CATEGORIES
Share This