24 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ОСУММИНАТА БРАНИТЕЛИ КАЈ ЉУБОТЕН – Комеморации на повеќе локации
Делегација на Собранието, во состав пратеничките Емилија Ангелова и Каролина Насковска, ќе положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во Љубанци.

Денеска на па повеќе локации во Скопје се одбележува 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила при прогласено примирје и прекин на огнот кога воен камион на АРМ кој движела кон караулата во Танушевци нагазил на две противтенковски мини поставени од терористичката УЧК.
Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот, предводена од бригадниот генерал Орце Јордев, ќе положи венци и свежо цвеќе пред:
-
спомен-обележјето на Томислав Настевски во Ѓорче Петров,
-
споменикот на загинатите бранители во Волково,
-
споменикот во село Љубанци,
-
спомен-плочата во касарната „Илинден“.
Делегација на Собранието, во состав пратеничките Емилија Ангелова и Каролина Насковска, ќе положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во Љубанци.
Општина Ѓорче Петров ќе организира оддавање почит пред спомен-чешмата на Томислав Настевски – Бумбар, во урбаната заедница Мирче Ацев, а централната комеморација ќе се одржи пред споменикот на загинатите бранители во Волково.


