216.000 МАКЕДОНЦИ СО БУГАРСКИ ПАСОШ – Пасош за егзистенција, формално бугари, реално Македонци
Министерот подвлече дека правото на бугарски пасош произлегува од формалното признавање и документирање на бугарското државјанство, без оглед на другите државјанства што лицата можеби ги поседуваат.

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Даниел Митов, соопшти дека над 216.000 граѓани на Република Македонија добиле бугарски пасоши во изминативе 18 години.
„Од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, вкупно 216.594 пасоши се издадени на лица кои, според достапните податоци, имаат и државјанство на Република Македонија“, изјави Митов.
Тој појасни дека овие пасоши се доделени врз основа на претходно стекнато бугарско државјанство. Согласно бугарскиот закон, патни исправи можат да се издадат само на лица кои се државјани на Бугарија.
Министерот подвлече дека правото на бугарски пасош произлегува од формалното признавање и документирање на бугарското државјанство, без оглед на другите државјанства што лицата можеби ги поседуваат.
Инаку, посредниците за добивање бугарски пасоши кои ги контактираше Национал велат дека за добивање на бугарски пасош се чека 3 до 4 години, и чини околу 1.000 евра сосе патните трошоци. Сепак постапката е малку потешка за вадење, а и за откажување е сложено. Од оние кои вадат бугарски пасоши, 99 отсто се поради егзистенција, а дали 1 отсто се чувствуваат како Бугари“, додаваат посредниците.


