14 МИЛИОНИ ИРАНЦИ ВЕЛАТ ДА ЗА ВОЈНА – Претседателот меѓу нив

Пезешкијан лично се вклучи во листата на доброволци, додека Трамп го поставува рокот за Ормутскиот теснец.

14 МИЛИОНИ ИРАНЦИ ВЕЛАТ ДА ЗА ВОЈНА – Претседателот меѓу нив
Фото: Принтскрин

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека повеќе од 14 милиони Иранци, вклучувајќи го и него лично, се доброволни да ги дадат своите животи во војната против САД и Израел.

„Повеќе од 14 милиони Иранци ја изразија својата подготвеност да учествуваат во жртвена кампања. Јас бев, сум и ќе останам подготвен да го дадам својот живот за Иран“, објави Пезешкијан на платформата „X“.

Оваа изјава дојде непосредно пред истекот на рокот кој американскиот претседател Доналд Трамп му го даде на Техеран да го отвори Ормутскиот теснец, во спротивно се заканува со бомбардирање на мостови и електрани.

Бројката што ја наведе Пезешкијан е речиси двојно поголема од претходните извештаи на државните медиуми за волонтерите, кои властите ги бараа преку СМС-пораки и медиуми за време на војната.

Покрај тоа, иранските власти ги повикаа младите, учениците и студентите да формираат човечки синџири околу електраните како дел од подготвеноста за одбрана.

CATEGORIES
Share This