СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРЕКИНИ Почитувајте ги правилата

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРЕКИНИ Почитувајте ги правилата

Од 12 септември на експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин, кај село Петралица (km 14+200), е воспоставен времен режим на сообраќај поради градежни активности. Во текот на денот од 07:00 до 17:00 часот сообраќајот се регулира рачно со знаменца, а во останатиот дел од денот со светлосна сигнализација. На државниот пат А2, делница Гостивар – Стража, на мостот Здуње (река Вардар), од 1 септември е воведена временa семафоризација и наизменично пропуштање на возила. Овој режим ќе трае шест месеци поради санација на мостот.

На 12 септември започна и санацијата на свлечиште на регионалниот пат Р1202, делница Косоврасти – Мелнички Мост, со што е воведена временa измена на режимот на сообраќај до завршување на работите. Од 3 септември, во период од две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово (од патарина Тетово до патарина Гостивар) се изведуваат градежни истражувачки работи, а сообраќајот се одвива под времен режим.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

АМСМ апелира за прилагодена брзина, почитување на поставената сигнализација и внимателно управување, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде што постои можност за одрони, како што се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од 17 април 2025 година е отворен за сообраќај за возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This