10-ТА ОБВРЗНИЦА – Македонија собра една милијарда евра

Две транши од по 500 милиони евра со рок на достасување од 4 и 8 години

10-ТА ОБВРЗНИЦА – Македонија собра една милијарда евра
Фото: Национал

Министерството за финансии успешно ја реализираше аукцијата за 10-тата еврообврзница, обезбедувајќи вкупно една милијарда евра преку две транши. Станува збор за обврзници со рок на достасување од 4 и 8 години, по 500 милиони евра секоја.

Од Министерството истакнуваат дека пласирањето на осумгодишната еврообврзница испраќа јасен сигнал за довербата на инвеститорите во економските политики и реформските планови на Владата.

„Фактот што успеавме да пласираме осумгодишна обврзница покажува доверба во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, особено затоа што последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од дваесет години“, соопшти МФ.

Интересот од инвеститорите бил голем уште во првиот час по објавувањето на почетните каматни стапки, кога побарувачката достигнала околу две милијарди евра. Пред отворањето на американскиот пазар, побарувачката пораснала на три милијарди, а по неговото отворање надминала четири милијарди евра. Во процесот учествувале инвеститори од Германија, САД, Велика Британија и други земји.

CATEGORIES
TAGS
Share This