УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ОРБАН – Третата светска војна може да започне секој момент

Пред самитот во јуни, Орбан веќе изјави дека не може да се донесе правно обврзувачка одлука за европската интеграција на Украина без едногласна согласност на сите земји-членки, што Унгарија не го поддржува.

УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ОРБАН – Третата светска војна може да започне секој момент
Фото: Принтскрин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека светот е на работ на нов голем конфликт.

„Светска војна може да избувне поради една грешка. Конфликтот е толку напнат што ако една голема сила направи погрешен потег, сè е можно, дури и глобална војна“, изјави Орбан пред почетокот на самитот на Европската унија во Копенхаген.

Тој потенцира дека членството на Украина во ЕУ би носело ризик од војна во Европа и европски средства би завршиле во Киев.

„Нашиот став е дека никакво членство на Украина не е прифатливо. Тоа би значело, прво, дека војната ќе навлезе во ЕУ, и второ, дека европските пари ќе одат во Украина“, рече Орбан.

Според него, доволен би бил стратешки договор за соработка меѓу Европа и Украина, без целосно членство на Киев во Унијата.

Самитот на ЕУ во Копенхаген денеска се фокусира на зајакнување на санкциите против Русија и на одговор на наводното нарушување на воздушниот простор на ЕУ.

Пред самитот во јуни, Орбан веќе изјави дека не може да се донесе правно обврзувачка одлука за европската интеграција на Украина без едногласна согласност на сите земји-членки, што Унгарија не го поддржува.

Тој исто така ги објави резултатите од унгарска анкета, според која 95% од повеќе од 2 милиони испитани граѓани се против членството на Украина во ЕУ.

CATEGORIES
TAGS
Share This