СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЧКА ВО СЕПТЕМВРИ Е НАМАЛЕНА – Вредноста изнесува 65.077 денари

Најголемото намалување е забележано кај храната и пијалаците.

СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЧКА ВО СЕПТЕМВРИ Е НАМАЛЕНА – Вредноста изнесува 65.077 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65.077 денари, што е за 430 денари помалку во споредба со август кога изнесуваше 65.507 денари.

Во трошоците е вклучена и ставка за изнајмен стан од 60 квадратни метри, чија просечна цена во август достигна 80.452 денари.

Најголемото намалување е забележано кај храната и пијалаците. За 63-те производи што ги следи Синдикалната минимална кошница, во септември биле потребни 23.394 денари, што е за 670 денари помалку во однос на август (24.064 денари).

CATEGORIES
Share This