ШОК ВО ФРАНЦИЈА Ле Пен нема да може да се кандидира до 2030

Ле Пен најави жалба до Европскиот суд за човекови права, оценувајќи ја одлуката како „непоправлива штета“ за нејзините политички права

ШОК ВО ФРАНЦИЈА Ле Пен нема да може да се кандидира до 2030
Фото: Принтскрин

Францускиот Државен совет, највисоката административна судска инстанца, денес ја потврди забраната за учество на Марин Ле Пен на изборите во наредните пет години. Со оваа одлука се зацврсти мартовската пресуда со која лидерот на „Национален собир“ беше прогласена виновна за злоупотреба на европски средства.

Ле Пен и неколкумина од нејзината партија беа обвинети дека европски пари користеле за партиски соработници, наместо за асистенти во Европскиот парламент. Судот го оцени тоа како измама и неправилно користење на фондови на ЕУ.

Според првичната пресуда, Ле Пен доби четири години затвор од кои две условни со електронска нараквица како и парична казна од 100.000 евра. Дополнително, ѝ беше изречена петгодишна забрана за кандидирање на избори од кое било ниво.

Државниот совет оцени дека мерката не ги нарушува уставно гарантираните права, а со тоа се исцрпуваат сите можности за жалба во рамките на домашните судови.

Ле Пен најави жалба до Европскиот суд за човекови права, оценувајќи ја одлуката како „непоправлива штета“ за нејзините политички права. Во јануари 2026 година е закажано судење во втор степен, кое може да ја потврди, измени или поништи казната. До тогаш, забраната останува на сила.

CATEGORIES
TAGS
Share This