СДСМ ФАЛСИФИКУВА – Мицкоски подготвува нова македонска резолуција по изборите
Дополнително посочи на конфузијата во документот, каде што се мешаат копенхагенските критериуми со билатералните договори со Грција и Бугарија.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека по локалните избори неговата партија ќе предложи нова резолуција во Собранието за заштита на македонските национални интереси. Како основа ќе биде земена предложената резолуција на СДСМ, но со измени преку собраниските комисии.
Мицкоски ја критикуваше преамбулата на документот на СДСМ, наведувајќи дека содржи „фалсификати и лаги“, меѓу кои и тврдењето дека македонскиот јазик станал официјален во ОН во 2019 година. Тој потсети дека јазикот е признаен многу порано, во рамки на поранешна Југославија.
Тој како неточни ги оцени и наводите за добивањето на датум за преговори во 2005 и позитивниот извештај во 2009 година, кога, како што рече, тие се однесувале на Република Македонија, а не на „Северна Македонија“. Дополнително посочи на конфузијата во документот, каде што се мешаат копенхагенските критериуми со билатералните договори со Грција и Бугарија.


