ПРЕСВРТ ВО ЉУБОВНИОТ ТРИАГОЛНИК Ја изневери сопругата пред цел свет – се помирија со сопругата

„People“ пренесува дека единствениот што изгубил во оваа приказна е Кристин Кабот која остана без работа, без сопруг и без љубовник.

ПРЕСВРТ ВО ЉУБОВНИОТ ТРИАГОЛНИК Ја изневери сопругата пред цел свет – се помирија со сопругата
Фото: Принтскрин

Скандалот околу тајкунот Енди Бајрон и неговата афера со колешката Кристин Кабот ја потресе јавноста уште на концертот на „Колдплеј“ во Бостон, кога нивната блискост беше снимена и споделена низ целиот свет. Тогашниот директор на компанијата „Астрономер“ и неговата љубовница станаа тема број еден, а понижувањето за сопругата Меган беше огромно. Таа веднаш се повлече од јавноста, го врати моминското презиме на социјалните мрежи и избега од семејниот дом.

По скандалот и Бајрон и Кабот поднесоа оставки, додека компанијата се обиде да ја поправи сликата со ангажирање на Гвинет Палтроу во кампања. Во меѓувреме, Меган со месеци живееше повлечено, далеку од очите на јавноста.

Сепак, британски „Дејли меил“ сега објавува изненадувачки пресврт – брачниот пар повторно е виден заедно. Енди и Меган биле фотографирани на заеднички излегувања, уживајќи во зајдисонце, прошетки и кафе, при што вниманието го привлекоа венчалните прстени кои и двајцата повторно ги носат.

Иако ниту еден од сопружниците не потврдил дека навистина се смириле, нивното однесување укажува дека бракот добива нова шанса. „People“ пренесува дека единствениот што изгубил во оваа приказна е Кристин Кабот која остана без работа, без брак и без љубовник.

Понижувањето беше јавно и болно, но изгледа дека Енди и Меган Бајрон одлучиле да се обидат повторно.

CATEGORIES
Share This