ЈОВАНОВСКИ СО КОНКРЕТЕН ПЛАН ЗА СКОПЈЕ – Збратимување со Москва, ивестиции од Русија и Кина, туристички и славјански бум

Тој ги повикува граѓаните на Скопје да го поддржат на изборите и да гласаат за број 12.

ЈОВАНОВСКИ СО КОНКРЕТЕН ПЛАН ЗА СКОПЈЕ – Збратимување со Москва, ивестиции од Русија и Кина, туристички и славјански бум
Фото: Национал

Зоран Јовановски кандидат за градоначалник на Град Скопје во изјава за „Национал“ вели дека има конкретен план кој произлегува од бројните средби и разговори со жителите на Скопје, кои најдобро ги познаваат проблемите што бараат решенија.

Мојата предизборна програма како кандидат за градоначалник на град Скопје, е обемна и е составена од преку 25 точки (со плус 10 потточки) – вели Јовановски.

Но она што претставува политичка сензација секако е залагањето на Јовановски доколку стане градоначалник дека ќе следи збратимување на Скопје и Москва, донесување на најмалку 15 бизнисмени од Русија, и најмалку 3-ца бизнисмени од Белорусија, кои ќе инвестираат во градов, развој на македонско-источно славјанското пријателство, и Скопје ќе биде град кој ќе биде преполн со туристи од Русија, Белорусија, и утрешна про-славјанска Украина, развојот и на сеславјанското (пред сè) православно пријателство, и ќе ги разгледуваме сите можности за секаква соработка со градовите, стопанствениците и тур-оператерите од овие земји.

„Исто така конкретна соработка со Кина преку ангажирање на кинески компании за инфраструктурни проекти во Скопје, затоа што овие компании се 3 пати поевтини и подобри од западните, привлекување на кинескиот капитал да влегува, и да се оплодува во земјава, субвенционирање на туризмот од Народна Република Кина и нивните тур-оператори, и со тоа мотивирајќи ги да носат туристи од Кина кај нас во Скопје, но и во Македонија“ – вели тој.

Јовановски вели дека за сето ова ќе му помогнат контактите кои што ги имам со Русија и Кина, како и со контактите кои што ги има со руската и кинеската амбасада во Скопје, кои редовно го канат на сите нивни приеми и манифестации, кои што се оддржуваат во земјава.

„Доаѓа време кога треба да ја побараме довербата за да ја вратиме честа, правдата и народната власт во Градот Скопје. Заедно сме во битката за Скопје, заедно стоиме на страната на градот. Да ни е вековито Скопје. Ќе се борам – од вас и вашата волја зависи дали ќе успеам,“ потенцира Јовановски.

Јовановски ги повика жителите на Скопје, и воопшто граѓаните на Скопје на 19 да гласаат за број 12.

 

CATEGORIES
Share This