КРИЗНА СИТУАЦИЈА ВО БАРСЕЛОНА Повредата на Јамал создава неизвесност пред „Ел Класико“!

КРИЗНА СИТУАЦИЈА ВО БАРСЕЛОНА Повредата на Јамал создава неизвесност пред „Ел Класико“!

Барселона се соочува со сериозен проблем откако е потврдено дека Ламин Јамал, еден од најталентираните фудбалери на светот, ќе мора да паузира три недели поради повреда на грбот. Оваа вест доаѓа во критичен момент за каталонскиот клуб, кој на 26 октомври го очекува големото дерби против Реал Мадрид, познато како „Ел Класико“. Непознато е дали Јамал ќе успее да се опорави навреме за овој важен натпревар.

Отсуството на 18-годишниот напаѓач значи дека тој ќе ги пропушти и следните натпревари со репрезентацијата на Шпанија, како и клучните дуели против Севиља и Жирона во Примера, како и натпреварот со Олимпијакос во Лигата на шампионите. Ова создава дополнителен притисок на лекарскиот тим на Барселона, кој сега мора да работи напорно за да го врати Јамал во форма за „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу”.

Ако успеат да го подготват младиот фудбалер за овој судир, шансите на Барса да излезе како победник значително ќе се зголемат. Сепак, со оглед на важноста на натпреварот, сите очи ќе бидат вперени во процесот на рехабилитација на Јамал.

CATEGORIES
Share This